Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, смета дека неговите фудбалери немаат никаков притисок поради четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите меѓу Светците и Барселона.
Ждрепката сакаше по три години повторно еден против друг да играат ПСЖ и Барселона.
„Ние немаме апсолутно никаков притисок во Лигата на шампионите. Од друга страна, Барселона дури петпати беше европски шампион, а ние ниту еднаш. Не постои притисок врз нас во дуелот со петкратниот европски шампион“, изјави Енрике, кој во 2015 година на Барселона ѝ ја донесе последната титула во ЛШ откако во финалето со 3:1 беше совладан Јувентус.
Првиот четвртфинален натпревар меѓу ПСЖ и Барселона ќе се одигра в среда, на „Паркот на принцовите“.