Јувентус својата ѕвезда му ја продава на Баерн Минхен за да купи фудбалер на Болоња?!

Летниот тренсфер-период се очекува да донесе голем број интересни преселби на играчите. Сите екипи веќе размислуваат кого можат да го купат, а од кого да се ослободат. Јувентус планира неколку засилувања, но буџетот на клубот не го дозволува тоа. Прва цел на раководството на Старата дама ќе биде ангажманот на фудбалерот на Болоња, Џошуа Зиркзе.

Вредноста на интернационалецот од Холандија во моментов е 40 милиони евра, пари кои во Јувентус ги немаат, па планот е конечно да го продадат Федерико Кјеза на Баерн Минхен. Токму италијанскиот репрезентативец е долгогодишна желба на Баварците, која може да им се исполни токму летово бидејќи и во Минхен се подготвува голема реконструкција на составот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести