На два месеца пред почетокот на Европското првенство во фудбал, во некои земји веќе е излезен во продажба албумот на „Топс“ со самолепливи сликички за ЕП 2024, а има и контроверзии околу изгледот.
Многумина се разочарано што е прекината традицијата албумите за натпреварувањата на УЕФА да ги прави „Панини“ (италијанската компанија и понатаму ќе прави албуми за светските првенства, но не и за европските), има негодување околу изгледот на сликичките, а во соседно Косово најдоа и друг проблем.
На страницата на која се тимовите од групата Ц, на мапата на Србија вклучена е и територијата на Косово. Многу земји го имаат признаено Косово како независна држава, оваа земја е призната и од УЕФА, нивниот национален тим во фудбал учествуваше во квалификации за ЕП.
https://twitter.com/i/status/1778424076148891990