Баер Леверкузен на пет кола до крајот на Бундеслигата дојде до првата титула шампион на Германија со 120-годишното постоење на клубот. Следуваше лудо славење на навивачите во Леверкузен по победата од 5-0 над Вердер Бремен, а се славеше и во соблекувалната, секако со пиво.
Хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ во еден момент го искористи невниманието на Чаби Алонсо, па го поли со пиво, а Шпанецот тоа го прифати со насмевка и го прегрна фудбалерот. Токму Станишиќ оваа сезона за Баер Леверкузен настапуваше како позајмен од Баерн Минхен и за него ова е четврти трофеј во кариерата, откако претходно со Баварците трипати ја освојуваше Бундеслигата.
https://twitter.com/JilshieFCB/status/1779576426418647342?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1779576426418647342%7Ctwgr%5E84039d6891aa201d301bcfeec10930d331aa3857%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fxabi-alonso-josip-stanisic-proslava-bayer-leverkusen%2F472656