Раководството на Манчестер сити сериозно ја сфати елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па подготвува вистински мегатрансфер за следната сезона.
Планот на Граѓаните е да ја купи ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, но за тоа ќе треба сериозно да го одврзат ќесето. Според „Трансфермаркет“, 21-годишниот фудбалер во моментов вреди 110 милиони евра, но сумата која ќе треба да ја плати Манчестер сити со сигурност ќе биде повисока бидејќи Мусијала со Баерн има договор до 2026-тата година, а Баварците сигурно дека нема толку лесно да се откажат од неговите услуги.
Рекордот за платено обесштетување на Манчестер сити е 117,5 милиони евра кога го купија Џек Грилиш од Астон вила, а сега веројатно ќе мора да го срушат клупскиот рекорд за да го ангажираат еден од најскапите светски фудбалери.