Штета: Миовски го стресе Селтик на стартот, но Абердин падна во пенал-рулетот и нема да игра во финалето на Купот на Шкотска (Видео)

Тимот на Абердин за кого настапува македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, не успеа да обезбеди пласман во финалето на Купот на Шкотска, откако денеска во возбудливо полуфинале загуби од Селтик и тоа по подобро изведување на пенали. Во регуларниот дел беше 2:2, по продолженијата беше 3:3, а победникот беше одлучен во седмата серија од пенал-рулетот.

Трагичар на Абердин беше Килијан Филипс кој не го реализира пеналот во седмата серија по што Селтикс славеше со 6:5 и се пласира во финалето на Купот на Шкотска.

Абердин успеа да се спаси од пораз со гол во 90-тата минута, но фудбалерите на Селтик во продолженијата постигнаа гол кој ги однесе во финалето.

Абердин поведе со голот Бојан Миовски уште во втората минута со што македонскиот голгетер на најдобар можен начин го прослави изборот во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига.

Миовски уште во втората минута ги шокира навивачите на Селтик, откако по додавањето на Кларксон излезе сам пред голманот Харт и ја затресе мрежата.
Но, Селтик успеа да се врати и да направи пресврт.

Прво во 21-та минута Кун го израмни резултатот, а во второто полувреме, Форест во 63-тата минута му донесе водство на фаворежираше пресврт и триумф на Селтик.

Абердин за продолженија се избори со голот на Естер Соклер во последната минута од регуларниот дел.

Во продолженијата, О’Рајли во 105-тата минута му донесе водство на Селтик, но тоа не беше се на овој меч.

 

Абердин во 119-тата минута преку Мекдоналд израмни на 3:3 и го однесе мечот во пенал-рулетот во кој славеше Селтик.

Селтик во финалето на Шкотскиот куп ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Ренџерс и Хартс кое ќе се игра утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести