Управата на новиот германски шампион Баер Леверкузен ја одреди цената на својот најдобар играч, Флоријан Вирц, кој е мета на речиси сите фудбалски гиганти.
Челниците на Фармацевтите се свесни за интересот на гигантите за Вирц и дека тешко ќе можат да го задржат еден од најдобрите млади фудбалери на светот, и сакаат тоа добро да го наплатат.
„Имамо двојно помал буџет од Борусија Дортмунд, а петпати помал буџет од тој на Баерн Минхен. Немаме силни спонзори и поради тоа мораме да живееме од продажба на фудбалери. Вирц е нашиот лидер на теренот, но се си има своја цена и ако некој понуди најмалку 150 милиони евра – ќе можеме да зборуваме за трансфер“, изјави Фернандо Каро, извршниот директор на Баер Леверкузен.
Според германските медиуми, откако Каро ја објави сумата за која е подговен да го продаде Вирц, најголем дел од заинетересираните екипи се откажаа од трансфер.