Ете колку фалеше да се случи најголемиот пресврт во историјата на ФА Купот (Фото)

Манчестер јунајтед максимално си ја искомпликува работата во полуфиналето на ФА Купот, но среќен е крајот на Црвените ѓаволи во пресметката со Ковентри. Фаворитот водеше со 3:0, но второлигашот стигна до 3:3 по 90 минути игра, па мораа да се играат продолженија.

Во дополнителните 30 минути, Ковентри даде гол за 4:3 и тоа во 121 минута. Голема бешр радоста кај Сините, затоа што знаеја дека тоа е голот кој треба да ги однесе во финалето на ФА Купот.

Сепак, се јавија судиите од ВАР собата кои проценија и пресметаа дека играчот на Ковентри бил во офсајд позиција и тоа само за неколку милиметри, па голот беше поништен.

Оваа одлука на арбитрите од ВАР собата беше спас за Манчестер јунајтед затоа што остана 3:3 и по 120 минути игра, а на крајот во пенал-рулетот, фаворитот беше подобар со 4:2.

Доколку погодокот на Ковентри во 121 минута не беше поништен поради офсајд, тоа ќе беше најголемиот пресврт во историјата на полуфиналните дуели во ФА Купот, натпреварување кое има тривековна традиција.

https://twitter.com/i/status/1782099310793859313

Од мај 2013 година се немаше случено Манчестер јунајтед да има три гола предност, а да не победи во регуларните 90 минути. Тоа се немаше случено од последниот меч на кој тренер беше Сер Алекс Фергусон кога на гостувањето кај Вест Бромвич Албион на крајот беше 5:5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести