Некогашниот европски првак со гол со „ножички“ во 96 минута се спаси од пораз (Видео)

Тулуз и Олимпик Марсеј одиграа 2:2 во меч од француското првенство на кој гостите во последните секунди се спасија од пораз. Олимпик Марсеј поведе со 1:0, но домаќините направија целосен пресврт и со два гола стигнаа до предност.

Тулуз беше пред победа. Судијата покажа дека ќе се играат пет минути дополнително време, а дури откако изминаа тие пет минути, буквално со последното уфрлување на гостите пред противничкиот шеснаесетник, беше постигнат најубавиот погодок на оваа средба.

Мумбагда одлично реагираше и со ножички успеа да погоди за 2:2.

https://twitter.com/i/status/1782126124258021419

- Оглас -

Најнови вести