Формула 1 ќе има нова улична трка, и тоа во градот кој е познат по сообраќајниот хаос?!

Државата од која доаѓа Формула 1 возачот Александер Албон, Тајланд, сака да биде домаќин на трка од најбрзиот светски циркус. Премиерот на оваа земја веќе имал состанок со шефот на Формула 1, на кој се разговарало за оваа идеја.

Планот на тајландските власти е трката да се вози во стариот дел на Бангкок, кој е познат по хаотичниот сообраќај, а трката е предвидена да биде улична сè со цел промоција на туризмот во оваа земја на Далечниот Исток.

Тајланд никогаш не бил домаќин на трка од Формула 1, но затоа е редовен домаќин на натпревар од шампионатот за мотоциклизам и секоја година ги пречекува најдобрите возачи во Мото ГП првенството, но тие натпревари се одржуваат во Бурирам, на пет часа возење од главниот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести