Еден од најважните фудбалери во успесите на Манчестер сити во последните сезони, Кевин де Бројне, на крајот од сезоната ќе си оди од „Етихад“. Неговата моментална вредност според „Трансфермаркет“ е 60 милиони евра, а оваа сума може да ја платат само екипите од Саудиска Арабија.
Најзагреани за неговите услуги се од Ал-Наср, екипата во која настапува и Кристијано Роналдо, но Арапите за услугите на белгискиот интернационалец освен за високото обесштетување, ќе треба да го одврзат ќесето и за неговата плата. Де Бројне во Манчестер сити заработува 21 милион евра по сезона, па се очекува неговата плата и во Саудиска Арабија да биде слична.