Чави Ернандес и официјално ќе остане тренер на Барселона и следната сезона откако синоќа беше објавено дека тренерот на Каталонците се премислил и нема да си замине од „Камп ноу“ по завршувањето на оваа сезона, како што најави претходно. Неговиот договор е со важност до летото 2025 година и планот е да го одработи до крај.
Каталонскиот весник „Мундо депортиво“ ја открива најголемата причина за одлуката на Чави.
„Огромната поддршка од играчите беше клучна за останувањето на Чави. Уште од првиот ден многу играчи одеа во канцеларијата на Чави и се обидуваа да го премислат и тој да остане во Барселона“, се вели во каталонскиот весник.
Оваа сезона на резултатски план е завршена за Барселона, но затоа Чави веднаш може да започне со подготовките за следната.