Голманот имаше 65 одбрани, но неговата екипа загуби дури со 57:0 (Видео)

Азискиот шампионат во хокеј за играчи до 18 години се игра во Ташкент, главниот град на Узбекистан. На овој турнир покрај домаќинот Узбекистан, настапуваат селекциите на ОАЕ, Макао, Малезија, Иран, Индонезија, Тајланд и Кувајт.

Дека има голема разлика меѓу некои селекции, се потврди со резултатот меѓу селекциите на Тајланд и Кувајт. Младите хокеари на Тајланд немаа милост и на крајот победија со неверојатни 57:0.

Интересно е дека покрај овој катастрофален пораз, најдобар во редовите на Кувајт беше голманот, кој иако прими 57 гола, успеа да има неверојани 65 одбрани. Тоа значи дека за 60 минути игра, хокеарите на Тајланд имаа дури 122 шута кон противничкиот гол.

Во листата на стрелци се запишаа сите хокеари на Тајланд, освен двајцата резервни голмани кои беа во нивниот состав.

https://twitter.com/i/status/1782906315074912667

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести