Тренерот на Феенорд јавно изјави дека сака да го наследи Клоп во Ливерпул (Видео)

Управата на Ливерпул веќе неколку месеци е во потрага по наследник на Јирген Клоп, кој на крајот од сезоната си заминува од Енфилд и иако се споменуваа разни имиња, деновиве најголем фаворит да ги предводи Црвените од следната сезона е актуелниот тренер на Феенорд, Арне Слот.

Слот по синоќешната победа на Феенорд над Го ахед иглс од 3:1 во Ередивизијата, се огласи по шпекулациите на медиумите во Холандија и Англија дека тој е главен фаворит за клупата на Ливерпул.

https://twitter.com/i/status/1783757089484972441

„Мојата одлука е јасна, сакам да бидам новиот тренер на Ливерпул. Феенорд и Ливерпул моментно преговараат и ќе видиме каков ќе биде исходот. Чекам клубовите да се договорат“, изјави Слот.

Англиските медиуми пишуваат дека ако Слот дојде на „Енфилд“, ќе бара од управата да продаде дел од фудбалерите со цел да се обезбедат средства за нови засилувања по негова мерка.

Наводно, Дарвин Нуњес, Рајан Гравенберх, Доминик Собослаи, Ибрахим Конате и Коди Гакпо би биле ставени на трансфер-листата во летниот преоден рок.

Арне Слот се смета за еден од најдобрите млади тренери во Европа. Тој тренерската кариера ја започна во Камбур, потоа го водеше АЗ Алкмар, а во 2021 година седна на клупата на Феенорд, со кого минатата сезона ја освои титулата во Ередивизијата, а годинава триумфира во Купот на Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести