Славенички беше синоќа во Лестер. Клубот кој во 2016 година стана сензационален фудбалски шампион на Англија, повторно се врати во Премиер лигата и тоа по само една година помината во Чемпионшип.
Лестер синоќа не играше, но Лидс кој е второпласиран, загуби на гости кај Квинс Парк Ренџерс со убедливи 4:0 и остана на 90 бодови, четири помалку од Лестер. Лидс има само уште еден меч до крајот на првенството и теоретски нема шанси да го стигне Лестер. Ипсвич кој е трет со 89 бодови сега има голема шанса за второто место кое води директно во Премиер лигата, затоа што овој тим има уште три средби за играње.
Дуелот меѓу КПР и Лидс го следеа и фудбалерите на Лестер, кои по завршување на дуелот, заедно се радуваа на враќањето во Премиер лигата.
WE ARE PREMIER LEAGUE! pic.twitter.com/fDTFEzTuOE
— Leicester City (@LCFC) April 26, 2024