Познато е колку ќе треба Ливерпул да плати за да го доведе наследникот на Клоп

Ливерпул веќе неколку месеци е во потрага по нов тренер, откако Јирген Клоп јавно кажа дека ќе си замине од клупата на крајот од сезоната. Повеќе имиња се споменуваа како наследник на Клоп, но сега едно име е во преден план и според многу медиуми сигурно е дека Арне Слот ќе биде наследниот на германскиот стратег.

Слот е стратегот кој неколку сезони е на чело на Феенорд и со овој холандски тим има успеси и повеќе освоени трофеи. Еден од најверодостојните новинари кога се работи за трансфери во фудбалот, Фабрицио Романо, открива дека Ливрпул за доведување на Слот ќе плати оштета на Феенорд во вредност од девет милиони евра, а потоа може да има и бонус од два милиони евра во зависност од резултатите.

Со оглед на тоа дека со Слот ќе дојдат и неговите помошници Хулшоф и Питерс, Феенорд вкупно ќе заработи 13 милиони евра. Пред да дојде во Феенорд, Слот беше тренер и во Аз Алкмар. Го сметаат како еден од најдобрите млади тренери. Како предводник на Феенорд во 146 меча има 94 победи, 29 нерешени и само 23 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести