Тренерот на новиот германски шампион Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, нема да може да го води својот тим во наредниот меч во Бундеслигата против Ајнтрахт поради суспензија.
Алонсо вчера на мечот против Штутгарт во кој неговите фудбалери со гол во судиското продолжение се спасија од пораз, заработи жолт картон поради приговор кон судијата.
Тоа беше негов четврти жолт картон сезонава, а бидејќи правилата се исти и за тренерите и за играчите, Чаби Алонсо ќе мора да паузира на следниот меч.