Тренерот на Борусија има голем респект за ПСЖ: Овој тим е граден за да триумфира во ЛШ

Вечерва од 21 часот на „Сигнал Идуна парк“ ќе се игра вториот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ, а тренерот на Милионерите, Един Терзиќ, има голем респект за Светците.

„На овој тимот му додадоа многу, многу голем квалитет, тоа е тим кој е граден изминатите години за да ја освои Лигата на шампионите. Многу напредуваа и дефинитивно не е лесно да се запрат“, изјави Терзиќ.

Борусија Дортмунд и ПСЖ сезонава веќе одиграа два меча во групната фаза, на „Паркот на принцовите“ славеше францускиот тим со 2:0, а на „Сигнал Идуна парк“ беше 1:1.

- Оглас -

Најнови вести