Најискусниот во редовите на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс покажа што значи искуството на мечеви како тој против Пари Сен Жермен. Хумелс кој ја игра 14-тата сезона во дресот на Милионерите беше прогласен за играч на мечот по кој ПСЖ прв пат сезонава загуби без да постигне гол.
🥇 Mats Hummels wins the UEFA Man of the Match award for tonight’s game. pic.twitter.com/s0DEVMx1RC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 1, 2024
Хумелс вели дека е среќен за победата и тоа во средба на која неговиот тим не одиграл перфектно.
„Беше тензично, но беше и забавно да се игра на овој стадион пред вакви навивачи. Не бевме совршени, но убаво е кога ќе се постигне добар резултат и кога не играш најдобро. Никогаш немам победено во Париз, но затоа е добро време да се обидам тоа да го направам за прв пат. До финалето не делат уште 90 минути и сите сакаме да стигнеме таму. Блиску сме до целта, но уште не сме таму“, рече Хумелс веднаш по победата над ПСЖ.