Нема крај на проблемите: Сандро Тонали заработи нова казна

Фудбалерот од средниот ред на премиерлигашот Њукасл, Сандро Тонали, заработи нова казна поради нелегално обложување, овој пат од Фудбалскиот сојуз на Англија. Италијанецот ќе заработи нови два месеци суспензија, доколку го повтори прекршокот, но ќе мора да плати и 20.000 фунти.

На 27-ми октомври минатата година, Фудбалскиот сојуз на Италија го суспендира Тонали на 10 месеци и тој нема да може да настапи за репрезентацијата ниту на европското првенство. Доколку не продолжи со глупостите, неговото враќање на терените треба да биде на 27-ми август, односно на почетокот од наредната сезона.

Тонали минатото лето беше продаден од Милан на Њукасл за 70 милиони евра, а откако се дозна дека фудбалерот нелегално се обложувал на натпревари во Италија, веднаш започнаа обвинувањата од премиерлигашот дека фудбалерот им е намерно продаден. Италијанецот на почетокот на тековнава сезона со своите игри покажа дека ќе биде големо засилување за Њукасл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести