Лутон таун и Евертон одиграа 1-1 во меч од англиската Премиер лига кој го доближи тимот од градот Лутон до преселба во Чемпионшип.
Лутон сезонава имаше две победи над Евертон, едната историска прва за нив во Премиер лигата, другата во ФА купот, но вечерва освоија само бод, кој ги остава во опасната зона на табелата на две кола до крајот во кои ќе се борат со Нотингам Форест за избегнување на испаѓање во понизок ранг.
Евертон и покрај одземените осум бодови, има обезбедно опстанок, а на своето прво гостување во Лутон после 17 години, освоија бод со кој им заврши серијата од три победи по ред.
Интересно е дека Лутон е тим кој по 29-ти пат сезонава во 36 кола и даде и прими гол на еден меч. Ако во барем еден од последните два меча го направи истото, ќе влезе во историјата на Премиер лигата како прв тим кој дури 30 пати во една сезона одиграл со обложувачки речник кажано, „гол-гол“.