Заврши чекањето: По повеќе од 20 години пауза, Ипсвич се врати во Премиер лигата

Екипата на Ипсвич со 2:0 го победи Хадерсфилд во дуел од последното коло на Чемпионшип во Англија и со тоа обезбеди место во Премиер лигата за следната сезона. Повеќе од две децении навивачите на Ипсвич чекаа да се израдуваат на пласман во елитната англиска лига, каде последен пат играа во 2002 година. Од друга страна, Хадерсфилд со поразот од Ипсвич, испадаа во Лига еден (трет ранг во Англија).

Ипсвич на крајот заврши со 96 бодови, еден помалку од Лестер кој од претходно славеше место во Премиер лигата. Екипите на Лидс, Саутемптон, ВБА и Норвич кои се пласираа од третото до шестото место ќе играат во доигрувањето за третата позиција која води во Премиер лигата.

Освен Хадерсфилд, од Чемпионшип лигата испаднаа и „фенерџијата“ Ротерам, како и Бирмингем кој заврши со 50 бодови, еден помалку од Плимут кој го фати „последниот воз“ за опстанок во најсилната втора лига во светот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести