Лацио прими гол во 92 минута и не победи, па фудбалерите добија „лекција“ од навивачите

Лацио ремизираше на гостувањето кај Монца, иако на два пати Небесносините имаа предност, на крајот дуелот заврши 2:2. Монца се спаси од пораз со погодок во 90+2 минута, па Лацио загуби два значајни бода во трката за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона.

Моментално Лацио е седми со 56 бодови од 35 средби и значително ги намали шансите за позиција која ќе го одведе во елитното европско друштво за следната сезона. Токму голот примен во 92 минута многу ги налути гостинските фанови на Лацио.

Фановите на Лацио ги построија фудбалерите покрај трибината и цели 15 минути им држеа лекција за тоа како треба да се однесуваат оние кои го носат дресот на Лацио.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести