Ракометните репрезентативци на Фарски острови, денеска тренираа во „Борис Трајковски“ а Хакун Вест ав Теигум изјави дека знае каква атмосфера ги чека вечерва и подготвен е за предизвикот.
Овој 22-годишен играч минатата година во дресот на Архус гостувал во Македонија, и тоа кај Еурофарм Пелистер.
„Имаше 3.500 гледачи, но пееја како да се 12.000. Не сум доживеал таква ситуација на друго место. Вечер ќе си имаме работа со околу 6.000 фанови, но добро е што нивниот тим има негатива, а таквата ситуација може негативно да влијае и на играчите на домашната репрезентација“, изјави Хакун.