Луда среќа за гостиварец, на велешанец „му легнаа“ италијански и француски второлигаши (Фото)

Обложувач од Гостивар во саботата вечерта задоволно триел раце откако тикетот кој го уплатил на 500 денари во Sport Life му излезе добитен, и тоа само на три пара, но со огромни квоти. Тикетот има бруто-добивка од речиси 107.000 денари.

Овој гостиварец типувал дека на мечевите Атлетик Билбао – Осасуна, Леванте – Еибар и Гимараиш – Брага сите тимови ќе даваат барем по два гола.

Малку недостасуваше тикетот да биде недобитен затоа што во Билбао домашните голот за 2-2 го постигнаа дури во шестата минута од судиското продолжение. И другиот меч во Шпанија бил критичен, Леванте својот втор гол против Еибар го постигна во 90-тата минута, па може да се каже дека прогнозерот од Гостивар имал многу среќа со која ја наградил храброста и играњето на големи квоти.

Во Sport Life во Велес, исплатен е добитен тикет со погодена квота од 1.062, па уплатата од 100 денари е претворена во бруто-добивка од 106.255 денари.

На тикетот има седум меча и на сите е точно предвидено дека ќе има од еден до два гола во двете полувремиња, квотите се движат од 2.65 до 2.85. Овие седум дуели од италијанската и француската втора лига се играа во петокот вечерта.

- Оглас -

Најнови вести