Понуда која тешко се одбива, новиот италијански прволигаш го сака Икарди

Мауро Икарди би можело да се врати во Серија А, и тоа во новиот прволигаш Комо, кој по 21 година се врати во Серија А.

Италијанските медиуми објавуваат дека Комо прави големи планови за следната сезона, а сакаат да купат искусен голгетер, а први на листата им се Мауро Икарди и Џејми Варди.

Комо има богати сопственици од Индонезија, но ќе биде вистински предизвик да се привлечат потенцијални ѕвезди за да се избори опстанокот и да остане стабилен прволигаш.

Познато е дека Аргентинецот Икарди и неговата соруга Ванда се заљубени во Италија, сакаат да живеат таму, а веќе имаат луксузна вила покрај езерото Комо, која ја платија околу 2 милиони евра, па Комо им е добро позната средина и тоа е плус за клубот во надежите дека ќе добие позитивен одговор.

Икарди сезонава постигна 30 гола за Галатасарај, ја освои титулата во Турција и главно прашање е дали би сакал да игра за клуб на кој главна цел ќе му биде опстанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести