Селтик по 54-ти пат е првак на Шкотска, прославија на оригинален начин со 180-ка во пикадо (Видео)

Селтик синоќа ја обезбеди својата 54-та шампионска титула во шкотското првенство, ова им е 12-та титула во последните 13 сезони и јасно е дека доминираат во последната малку повеќе од една деценија.

Селтик трета година по ред е првак, а веднаш по освојувањето, на социјалните мрежи објавија интересно видео од младата пикадо ѕвезда Лук Литлер, кој трипати по ред погодува во полето кое носи максимални 60 поени, а направена е монтажа дека погодоците се првата, втората и третата титула по ред на Селтик.

Годинава сите играчи на прославата носеа маици на кои пишуваше „Повторно“ и тоа беше зборот кој најчесто може да се сретне при радоста.

https://twitter.com/i/status/1790847449713504733

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести