Рајо Ваљекано се подготвува за евентуалното заминување на голманот Столе Димитриевски. Македонскиот репрезентативец уште го нема продолжено договорот кој му истекува во јуни и сите сигнали во последно време укажуваат на негово заминување од клубот во кој е голмански рекордер по број на настапи.
Управата на Рајо има фаворит за нов голман на тимот, тоа е Хуан Соријано од второлигашот Тенерифе.
Но, Рајо не е единствениот заинтересиран за 26-годишниот голман кој сезонава брани одлично, а потекнува од младинската школа на Севиља. На голманот му завршува договорот може како слободен да си замине од Тенерифе.
За Димитриевски се интересираат шпански и саудиски клубови, па ако си замине од Рајо, ќе има прилика да бира меѓу неколку привлечни понуди.