Тухел објасни како Баерн заврши на срамното за нив трето место во Бундеслигата

Заврши 11-годишната доминација на Баерн Минхен во германското првенство, откако Баер Леверкузен испиша историја и стигна до првата титула. Баерн МИнхен не само што не е првак, туку на крајот заврши на третото место, бидејќи и Штутгарт собра повеќе поени од најтрофејниот германски клуб.

Во последното коло Баерн водеше со 2:0 на гости кај Хофенхајм, а на крајот загуби со 4:2, па Штутгарт со триумф над Борусија Менхенгладбах стигна до 73 бодови, еден повеќе од баварскиот гигант. По последното коло, тренерот на Баерн Томас Тухел кој ќе си замине од функцијата, се обиде да објасни како неговиот тим на крајот е на срамното за нив трето место.

„Многу често ни се случуваше тоа што нис е случи против Хофенхајм. Започнавме добро имавме предност, но потоа следува серија на индивидуални грешки и примаме погодоци. Истото ни се случи и против Штутгарт кога примивме два гола во финишот и загубивме, потоа и во Хајденхајм кога загубивме со 3:2, а еве и сега со Хофенхајм. Едноставно тоа се случува многу често. Имам објаснување и за тоа, но тоа не е за во јавност“, рече Тухел по неговиот последен меч како тренер на Баерн Минхен.

 

- Оглас -

Најнови вести