Славниот Гатузо тренерската кариера ја продолжува во Саудиска Арабија?!

Легендарниот поранешен италијански фудбалер, а сега тренер, Џенаро Гатузо, од следната сезона ќе работи во Саудиска Арабија. Според медиумите во Италија, договорот помеѓу тренерот и Ал-Тавон веќе е постигнат и се чека само официјална промоција.

Четириесет и шестгодишниот Италијанец последниот ангажман го имаше во Марсеј, а претходно беше тренер и на Сион, Палермо, ОФИ Крит, Писа, Милан, Наполи, Фиорентина и Валенсија. За репрезентацијата на Италија одигра 74 натпревари, а славата ја стекна во дресот на Милан, за кого настапуваше од 1999 до 2012 година.

- Оглас -

Најнови вести