Конте е на чекор до клупата на Наполи, со него доаѓа и фантастичен напаѓач

Антонио Конте најверојатно од следната сезона ќе го предводи тимот на Наполи, објавија италијанските медиуми.

Преговорите меѓу Конте и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис се во завршна фаза и наскоро се очекува и официјално да биде објавено дека поранешниот тренер на Јувентус, Челси, Интер и Тотенхем, ќе биде нов тренер на тимот од Неапол.

Конте ги намалил барањата (првично бараше плата меѓу 9 и 10 милиони евра), и тоа му одговара на Де Лаурентис, кој откако доби негативен одговор од тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, повторно седна на преговарачка маса со Конте.

Италијанските медиуми пишуваат дека со Конте во Неапол може да пристигне Ромелу Лукаку. На Лукаку му заврши позајмицата во Рома, но Челси не го сака назад. Лукаку сака повторно да соработува со Конте со кого заедно во Интер ја освоија титулата и поради тоа ќе бара Сините да го испратат во Неапол на едногодишна позајмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести