Sвездата на Реал со необично ветување доколку ја освојат Лигата на шампионите

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота го играат големото финале од Лигата на шампионите на култниот „Вембли“ во Лондон. Еден од најдобрите фудбалери за Реал Мадрид, Федерико Валверде, во гостување на поткаст говореше на многу теми. Тој вели дека за него е остварување на сонот да игра заедно со Тони Крос, но и дека Реал Мадрид никогаш нема да има капитен како Серхио Рамос. Сепак, Уругваецот има и ветување до навивачите што ќе направи доколку ја освојат Лигата на шампионите.

„Ако ја освоиме Лигата на шампионите, ќе ја обојам косата во бела боја“, вели Валверде, кој и претходно веќе го има направено тоа.

Реал Мадрид како своја основна боја ја има белата, па токму и затоа Валверде вели дека ќе ја обои косата во бела боја. Уругваецот во Реал Мадрид пристигна во 2016 година од Пењарол и за кралскиот клуб одигра 257 натпреври, на кои постигна 21 гол, а забележа и 23 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести