Изрешетан автомобилот на директор на хрватски проволигаш

Автомобилот на спортскиот директор на Осиек, Хосе Бото, утринава е изрешетан. На шофершајбната има дури седум дупки од куршуми.

Бото моментно се наоѓа на одмор во Португалија и не бил во Осиек во моментот на нападот.

„Во полициската станица во Чепин, Осиек, денеска во 8:57 часот добија дојава за оштетена шофершајбна на личен автомобил кој бил паркиран во центарот на Осиек“, соопшти полицијата во Осиек.

По нападот се огласи и самиот Бото, кој порача дека овој напад нема да го заплаши и дека нема намера да го напушти Осијек.

„Не ми паѓа напамет да го напуштам и градот, ова ми дава дополнителен мотив“, порача Бото.

Хосе Бото во Осиек дојде на почетокот од годината, а претходно беше директор во ПАОК и во Шахтар, додека во Бенфика работеше како шеф на скаутинг-службата.

- Оглас -

Најнови вести