Не го заборавија повредениот голман – Ангелов и Биљали: Победата му ја посветуваме на Игор

Ова е победа за Игор. Му посакуваме што побрзо да закрепне по повредата и да се врати на теренот, во еден глас истакнаа Виктор Ангелов и Амир Биљали по победата на Шкупи против прилепска Победа.

Чаирчани го добија мечот со 3-0, но Игор Алексовски не можеше да брани поради проблеми со коленото, повреда која му се случи на подготовките во Анталија.

Вчера Алексовски го прослави својот 24-ти роденден, а соиграчите со триумф му го честитаа и му посакаа што поскоро да се врати на голот.

„Одигравме одличен меч, а победата му ја посветуваме на Игор. Посакуваме што поскоро да биде повторно со нас на теренот“, вели Ангелов.

Двајцата се дел од златната генерација младинци кои испишаа историја со Македонија и играа на првото големо натпреварување, на Европското првенство во Полска пред две години.

Иста желба како и Ангелов, голманот Алексовски што побрзо да се врати на голот на Шкупи има и албанскиот интернационалец Амир Биљали.

„Игор е цврсто момче и очекувам брзо да биде со нас, повторно на теренот. Нему му ја посветуваме победата против Победа, изјави Биљали.

Со головите на Бајрами, Ангелов и Сержињо, чаирчани лесно ја совладаа Победа и се зацврстија на петтата позиција со аспирации да атакуваат и на местата кои водат во европските купови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести