Светски шампион со Германија и член на Бруклин заигра фудбал во шеста лига

Кошаркарот на Бруклин и репрезентативец на Германија, Денис Шредер, одлучи паузата во НБА-лигата да ја искористи и да се испроба и како фудбалер. Тој дебитираше за германскиот шестолигаш Германиа блекенстед, во мечот против Гетинген, но имаше несплавно деби бидејќи неговата екипа загуби со 1-5.

Шредер на стадионот пристигнал на половина час пред почетокот на мечот, се пресоблекол во блиското кафуле и веднаш се нашол во стартната постава и играл сè до 62-рата минута, кога бил заменет.

Денис Шредер минатата година со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести