ЦСКА Софија загуби со 0:2 од ЦСКА Софија 1948 во меч кој требаше да го даде патникот во Конференциксата лига на УЕФА за следната сезона. Иако многу потрофејниот и попознат тим на ЦСКА Софија беше голем фаворит, на крајот се радуваа играчите на ЦСКА 1948 Софија победувајќи со 2:0.
Дуелот го одбележа и инцидентот кога фановите на Црвената армија незадоволни од играта и резултатот, во еден момент втрчаа на теренот, почнаа да фрлаат со столчиња и да се закануваат на фудбалерите.
По овој меч стана јасно дека двата најтрофејни клубови (Левски и ЦСКА Софија) нема да играат во еврокуповите за следната сезона.
Инцидентот на локалното софиско дерби може да го видите ТУКА.