Велковски: „После две години се враќам во Риека со надеж за позитивен резултат“

Фудбалската репрезентација на Македонија во понеделник ќе одигра првиот од двата контролни натпревари во јунскиот термин на ФИФА. Противник на нашите фудбалери е селекцијата на Хрватска, а натпреварот се игра на стадионот „Руевица“ во Риека. Нашиот дефанзивец, Дарко Велковски, четири сезони играше токму на овој стадион за екипата на Риека, па сега после две години се враќа на добро позната локација.

„После две години се враќам на стадионот каде што минав четири прекрасни години. Се соочуваме со Хрватска, а сите знаеме што значи таа репрезентација во светски рамки. Ние сме долго време заедно и сметам дека треба да покажеме квалитет. Да се надеваме на добра игра и позитивен резултат. Мора да бидеме концентрирани во текот на целиот меч. Хрватска е многу силна во средниот ред, имаат искусни фудбалери. Треба да се обидеме да ги користиме шансите од против напад. Се надевам на позитивен тест. За нас во овој период се важни ваквите натпревари.“ – вели Велковски.

- Оглас -

Најнови вести