Бразилскиот голман Едерсон најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити ова лето. Тој како да не ја научи лекцијата на Жоао Кансело, па се „закачи“ со менаџерот Пеп Гвардиола.
На натпреварот против Тотенхем, Гвардиола реши да го повлече од игра голманот Едерсон, поради силниот удар што го доби во главата во дуел со играч на противничката екипа.
Ова навистина му пречеше на Бразилецот, па го шутна фрижидерот до клупата на Сити, а потоа удри и во клупата за резерви. Имаше куса расправија и со Гвардиола, кој го промени изразот на лицето кога виде што направи Едерсон.
Англичаните тврдат дека е позната и замената што ќе ја доведе Манчестер Сити. Тоа е голманот на Милан, Мајк Мењан.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе го има последниот збор, но многу веројатно е дека Едерсон ќе мора да замине, слично како и Жоао Кансело претходно.