Леганес и Валјадолид се вратија во Ла Лига, уште само еден билет има за шпанската елита

Фудбалерите на Леганес и Валјадолид повторно ќе бидат дел од шпанската елита следната сезона. Ова е епилогот од натпреварувањето во Сегунда.

Леганес се врати во Ла Лига како шампион, додека Валјадолид го зазеде второто место на табелата.

Леганес во последното коло го совлада Елче на домашен терен со 2-0, а Валјадолид загуби на гостувањето кај Тенерифе со 2-1, но тоа не влијаеше на неговата промоција.

За последното место во Ла Лига преку плејоф ќе се борат екипите на Еибар, Еспањол, Спортинг Хихон и на Реал Овиедо, кои натпреварувањето го завршија од третото до шестото место.

Во понизок ранг одат Аморебиета, Алкоркон, Андора и Вилјареал Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести