Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, за првпат во историјата на клубот му донесе двојна круна во Германија оваа сезона. Стана херој на градот, а за него веднаш се појави интерес од неколку големи клубови, меѓу кои и неговиот поранешен клуб Ливерпул.
Конечно, Чаби Алонсо проговори за целата ситуација во интервју за Си-ен-ен.
„Сите овие одлуки мора да бидат многу јасни. Треба внимателно да размислите за нив. За мене повеќе беше тоа што го имам во моментот отколку тоа што ми недостасува. Сигурно имам јасна релација со Ливерпул и таа секогаш ќе остане. Нема проблем меѓу нас“, изјави Алонсо.
Шпанскиот стратег откри и дали имал преговори за преселба на „Енфилд“.
„Тоа беше некако зад сцената, но имам уште многу работа во Баер“, кратко одговори Алонсо.
Тој оваа сезона со Баер Леверкузен ги освои Бундеслигата и Купот на Германија, но во финалето на Лигата на Европа беше поразен од италијанскиот калчолигаш Аталанта.