Волкановски се нуди да го замени Мекрегор и да се бори со Чендлер

Поранешниот шампион во ултимејт фајт во перолесна категорија, австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски, изјави дека е подготвен да го замени Ирецот Конор Мекрегор и да се бори со Американецот Мајкл Чендлер на главниот настан на шоуто УФЦ 303 кое ќе се одржи на 29 јуни во Лас Вегас.

„Ако Конор не може да се појави, знам еден што сака. Бидејќи е навистина голем настан, јас сум подготвен“, рече Волкановски. „Не би ја прифатил секоја понуда. Но, ова е навистина голем настан. Јас сум добар човек и ако треба да го спасам шоуто, ќе го направам тоа. Но, разбирливо, морам да бидам и добро платен за да го направам тоа“, рече Волкановски.

Дилемите околу тоа дали легендарниот Мекрегор ќе се врати во октагонот по пауза од три години се појавија откако од неговиот тим беше откажана прес-конференцијата од непознати причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести