Додека селекторот Дешан држи говор, Дембеле лабаво си јаде пица (Видео)

На полувремето од пријателскиот меч со Луксембург, додека селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешан, држеше говор со соблекувалната, Усман Дембеле беше снимен како лабаво си седи и си јаде пица.

Дембеле не настапи на тој дуел затоа што имал настинка и му течел носот.

Погледнете ја снимката која стана вирална на социјалните мрежи и кој како сака си ја толкува, но најчестиот коментар е дека Дембеле покажал непочитување и дека никогаш нема да се смени, едноставно карактерот му е таков каков што му е.

- Оглас -

Најнови вести