Димитриевски: Важен е мечот со Чешка, мора да ја подобриме тактичката дисциплина

Првиот голман и привремен капитен на македонскиот фудбалски национален тим, Столе Димитриевски, кажа што е она што треба да се поправи во играта на утрешниот контролен дуел со Чешка, а се појавиле како слабост пред неколку дена против Хрватска.

„Чешка е феноменален противник, учесници се на Европското првенство. Треба да направиме некои корекции како поголема дисциплина во играта, да бидеме спремни и да извадиме подобар резултат. Овој меч е последен за нас пред квалификациите кои ни следат, битен е за да се формираме како тим, и да се стабилизираме пред следните предизвици и квалификации. Ако сакаме поволен резултат, треба да ги подобриме тактичката дисциплина и агресивноста, тоа ни фалеше“ – вели Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести