Холанѓаните потврдија, Френки де Јонг нема да игра на ЕВРО 2024!

Холандската фудбалска асоцијација официјално потврди дека плејмејкерот Френки де Јонг нема да може да игра на претстојното Европско првенство во Германија кое почнува в петок.

Де Јонг, кој е играч на Барселона, има повреда на скочиот зглоб здобиена во еден дуел со Федерико Валверде од Реал Мадрид на Ел Класико во април.

„Френки де Јонг нема да игра на ЕВРО 2024. Со тебе сме Френки“, порачаа од холандскиот национален тим.

Ова е голем хендикеп за Лалињата, кои се едни од фаворитите од сенка на ЕП, тим кој на последнните две контроли даде вкупно 8 гола и се наоѓа во добра форма, а на првенството стартер ќе им беше Де Јонг, играч чие отсуство веројатно ќе се почувствува кај Холандија во некој момент од ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести