Новата белгиска „единица“ по ЕП се сели во Саудиска Арабија

Голманот на репрезентацијата на Белгија, Коен Кастелс, по завршувањето на Европското првенство, ќе направи трансфер во Саудиска Арабија. Кастелс претходните девет сезони беше дел од бундеслигашот Волфсбург, а сега како слободен фудбалер ќе потпише за новиот прволигаш од Саудиска Арабија, Ал-Кадисија.

Клубот е во сопственост на државната нафтена компанија на Саудиска Арабија, а голманот ќе потпише договор за три сезони. Селекторот на Белгија неодамна одлучи токму Кастелс за биде прв голман на репрезентација, а токму тој беше прв избор и на пријателските мечеви против Црна Гора и Луксембург пред Европското првенство. Кастелс досега има 10 настапи за репрезентацијата на Белгија, која на континенталниот собир е во групата Е, заедно со селекциите на Романија, Украина и Словачка.

- Оглас -

Најнови вести