Полскиот голман Војќех Шченсни се договори за трансфер од Јувентус во Ал-Наср. Одличниот чувар на мрежата ќе потпише двегодишен договор вреден 38 милиони евра.
Шченсни на тој начин повторно ќе игра во ист тим со Кристијано Роналдо и ќе се обиде со него да ја освои титулата во Саудиска Арабија, каде што сезонава доминираше Ал-Хилал.
Останува Јувентус и Ал-Наср да се договорат за обесштетувањето, но не би требало да има некои поголеми проблеми бидејќи Старата дама го доведе Ди Григорио како замена за Полјакот.
Голманот, кој 82-пати го бранеше голот на Полска, беше член на Арсенал од 2008 до 2017 година, со две позајмици во Брентфорд и во Рома, а потоа се пресели во Јувентус во трансфер од 18,4 милиони евра.
Шченсни на претстојното ЕВРО 2024 ќе го гледаме во дресот на Полска.