Валенсија официјално објави дека постигнале договор за потпис со македонскиот голман Столе Димитриевски со важност до 30-ти јуни 2026 година.
„Македонскиот голман роден на 25.12.1993 година, станува нов играч на Валенсија, откако одигра шест сезони во Рајо Ваљекано, каде што се наметна како еден од најдобрите голмани во Ла Лига, благодарение на добрите перформанси и сигурноста меѓу стативите.
Димитриевски, интернационалец со својата репрезентација и со шпански пасош, пристигнува на Местаља по одиграните 127 официјални натпревари во Примера дивизија и се приклучува на голманскиот список на тимот за да донесе сигурност и искуство во тимот на Валенсија.
Тој ќе биде претставен пред медиумите како нов играч на Валенсија, откако ќе се приклучи на предсезонската фаза на тренинзи на тимот“, објавија Лилјаците.
Клубот со интересно видео го најави новиот голман. Видеото може да го погледнете ТУКА.
Столе синоќа пристигна во Валенсија, утрово ги направи лекарските тестови и сите формалности се завршени, па тој стана прв Македонец кој ќе заигра за клубот кој во 2000 и 2001 година играше финале на Лигата на шампионите, а има и шест титули првак на Шпанија, последен пат пред 20 години.