Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во координација со земјата домаќин Германија донесе одлука дека знамињата на Палестина и на Израел ќе бидат забранети за истакнување за време на ЕВРО 2024.
Поради воениот конфликт, воопшто нема да смее да се истакнуваат двете знамиња, иако тоа засилено се прави во последниот период како знак на поддршка кон едната од двете страни. За сето тоа да се избегне, полицијата ќе има задача веднаш да ги одземе таквите национални симболи на Израел и на Палестина.
Истакнувањето на знамињата освен на стадионите каде што се играат натпреварите, ќе биде забрането и во фан-зоните во сите градови домаќини на Европското првенство.
Во суштина, ќе се одземаат сите знамиња кои не се национални обележја на селекциите кои учествуваат на ЕВРО 2024.