Искусниот лев бек Дарко Глишиќ, кој е еден од најзаслужните што Вардар остана прволигаш, во следната сезона ќе игра за амбициозниот Гостивар.
Глишиќ има 32 години, а во Вардар беше од 2021 година. Црвено-црните му се и матичен клуб, таму беше и во периодот од 2014 до 2018 година, а има играно и за други македонски и странски клубови.
Сезонава Дарко имаше 4 гола и 7 асистенци и се очекува тој да биде едно од неколкуте звучни принови за клубот од Гостивар.