Турскиот спонзор заминува од Шкупи?

Првиот човек на Шкупи, Турчинот Олгун Ајдин, најави повлекување од македонскиот прволигаш поради лошата состојба на македонскиот фудбал. Тој ја нападна и Фудбалската федерација на Македонија и вели дека ако некои работи не се променат, тој ќе замине.

Турскиот спонзор Олгун Адин објави соопштение на социјалните мрежи.

„Приближно шест години сум во оваа држава. Мојата цел во доаѓањето во оваа земја беше да постигнам нешто во фудбалот и да придонесам нешто за клубот Шкупи и фудбалот во земјата.

За жал, на точката до која стигнавме, постојаните негодувања кон нашиот труд кои ги трпиме последните две години, било тоа од внатрешни, било од надворешни фактори, нѐ замори и нѐ презасити. Дојдов во оваа земја како спортист, дојдов да направам нешто за спортот. Не дојдов овде за да се расправам со луѓе, да се впуштам во разговори на ниско ниво и да го спуштам сопственото ниво. Дојдов во оваа земја како спортски човек.

Но, за жал, во овој момент мораме да се занимаваме со сè друго освен со спорт.

Нередот во фудбалот, она што се прави во фудбалот, односот на Федерацијата и она што Федерацијата не му овозможува на фудбалот, а не она што го дава, па дури и она што го зема од фудбалот се случува со знаење на јавноста.

Нема никој друг што може да го крене гласот против нив освен нас. Секој има различни пресметки, секој си прави калкулации, а никој не го крева гласот против таквата неправда.

Иако не знаеме точно зошто, постојат некои факти кои можеме да ги претпоставиме.

Го креваме гласот против секоја неправда што ја гледаме, каде и да сме.

Вака живеевме до денес, вака ќе живееме и отсега.

За жал, кога се во прашање зборовите, сите многу го сакаат клубот Шкупи, сите зборуваат за Шкупи во јавноста, но никој не крева глас против неправдите на кои сме подлежени овие две години, а не нѐ поддржуваат ни нас.

Во овој момент, ние сме уморни од нашите напори постојано да се компромитираат и нашата работа постојано да оди на отпад.

Не сакаме да го доживееме ова повторно, не сакаме да го толерираме повторно, и нема да го направиме тоа.

Немаме доверба во сегашниот фудбалски систем и сегашната Фудбалска федерација.

Причините за тоа и се познати на целата јавност.

Нема да бидеме во оваа игра се додека останува сегашната фудбалска федерација. Ние нема да го жртвуваме нашиот труд на ничија фикција.

Како прва опција е очигледна вредноста на нашиот клуб, доколку се појави заинтересирн човек кој веруваме дека ќе го цени нашиот клуб и ќе додаде нешто на него, ние сме отворени за трансфер на клубот.

Доколку тоа не се случи, доколку не се најде човек кој дава вредност, решени сме да направиме пауза додека не се промени оваа Федерација.

Не сакаме да бидеме во фудбалот што го води оваа федерација и нема да бидеме.

Доколку оваа Федерација се смени и поднесе оставка, ќе се потрудиме да придонесеме повеќе за фудбалот на земјата со тоа што ќе дадеме повеќе за клубот Шкупи од она што сме го придонеле досега и тоа со цел да постигнеме поголеми успеси за клубот Шкупи.

Уморни сме од постојани расправии со луѓе и тоа да се жалиме на претрпените неправди.

Ние сме тука за спорт и фудбал и тука сме да им служиме на овие цели.

Со сета моја почит кон јавноста.

ОЛГУН АЈДИН

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести